Синот на норвешката принцеза обвинет за силување

Мариус Борг Хојби е 28-годишен син на крунската принцеза Мете-Марит и посинок на наследникот на тронот – крунскиот принц Хаакон

Најстариот син на норвешката крунска принцеза е обвинет за повеќекратни обвиненија за силување, сексуален напад и телесни повреди, а обвинението доаѓа по десетмесечна истрага.

Мариус Борг Хојби е 28-годишен син на крунската принцеза Мете-Марит и посинок на наследникот на тронот – крунскиот принц Хаакон. Тој беше апсен неколку пати во 2024 година поради обвинувања за силување и прелиминарни обвиненија за телесни повреди

Хојби оттогаш се соочува со критики и е во центарот на истрага во која е вклучен „двоцифрен“ број на жртви.

„Не можам да навлегувам во подетални информации за бројот на жртви во случајот освен да потврдам дека станува збор за двоцифрен број“, изјави обвинителот на полицијата во Осло, Андреас Крушевски, на прес-конференција. 

Тој додаде дека обвиненијата вклучуваат еден случај на силување со сексуален однос, два случаи на силување без сексуален однос, четири случаи на сексуален напад и два случаи на телесни повреди.

Адвокатот рече дека доказите се собрани од извори, вклучувајќи текстуални пораки, полициски претреси и сведоштва на сведоци.

Кралската палата засега не излезе со официјален коментар.

Маријус Борг Хејби, син на Мете-Марит од претходна врска, живеел со кралското семејство, но сега живее самостојно. До евентуалниот почеток на судењето ќе остане на слободa.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни