Синот на Алберт Ајнштајн бил гениј, но не го преболи неверството на татко му

Едвард, помладиот син на Алберт Ајнштајн, повеќе страдал отколку што бил среќен поради неговата висока интелигенција…

Еден од најголемите научници на сите времиња можел да се пофали со многу пронајдоци, но во приватниот живот се соочувал со тешки семејни трагедии. Неговиот помлад син, Едвард, најверојатно останал единствената равенка што Алберт Ајнштајн не успеал да ја реши.

Уште од првите денови, се покажалио дека неговиот наследник бил неверојатно интелигентен. Сепак, според фактите ваквата интелигенција му донела повеќе несреќа отколку среќа.

Алберт Ајнштајн и неговата прва сопруга Милева Мариќ во нивниот краток брак имале два сина – Ханс Алберт и Едвард.

Не се знае точно што се случило со вонбрачната ќерка

Бракот на Милева и Алберт Ајнштајн е интригантна тема што отсекогаш предизвикува дебата. Тие се запознале за време на студиите, а пред да завршат, Милева забременила и родила вонбрачна ќерка, Лизерл.

Алберт и Милева се венчале во Берн на 6 јануари 1903 година. Пред свадбата, Лизерл се разболела од шарлах и не се знае точно дали девојчето починало или било дадено на посвојување. Кога Милева му се придружила на Алберт во Берн, детето не било со неа.

Тој имал малку убави спомени со својот татко

Во годините што следеле, Алберт и Милева имале уште две деца – синовите Ханс Алберт и Едвард. Велат дека момчињата биле многу приврзани кон својата мајка, која практично ги одгледала сама бидејќи поголемот дел од времето таткото го поминувал на работа.

Сепак, имало и среќни спомени

„Нашиот татко понекогаш знаеше да ја остави работата и со часови да нè гледа како си играме “, рекол подоцна постариот Ханс.

Здравјето на Едвард било од особена грижа за неговите родители

Момчето било болно од раѓање и често плачело без причина. Во едно писмо до пријател, Алберт напишал дека се плаши оти неговиот син нема да може да „расте во здрава личност“.

Поради сè почестите кавги меѓу родителите, бракот пропаднал. Двете момчиња тешко го поднесуваа разводот на своите родители кој се случил во 1914 година. Едвард во тоа време имал само 4 години. Синовите живееле со нивната мајка додека Ајнштајн се преженил, со далечна братучетка во кој бил заљубен уште од дете.

Едвард, исто така, покажувал исклучително висок степен на интелигенција

Милева продолжила да се грижи за децата. Во одреден период се помислувало дека Едуард ќе ги надмине своите проблеми. Тој покажал исклучителна интелигенција – на шестгодишна возраст го читал Шекспир, а наскоро и Кант, Шопенхауер, Платон…

Како што растел, почнал да се интересира за психијатријата, особено за делото на Зигмунд Фројд. Сепак, како времето поминуваше, на младото момче му било сè потешко да го носи товарот на славата на својот татко.

„Тешко е да имаш толку важен татко, бидејќи се чувствуваш неважен и безначаен“, реко тој.

На 20-годишна возраст се обидел да се самоубие

Кога имал 20 години, за прв пат Едвард се обидел да се самоубие. Според автобиографските податоци, причината била невозвратената љубов кон една девојка. Тој бил примен во болница и набргу потоа му била дијагностицирана шизофренија.

Милева, по препорака на лекарот, го сместила во ментална болница во Цирих, а оваа одлука се покажала како фатална! Суровите третмани во болниците од ваков тип во тоа време само ја влошиле менталната состојба на младиот Едвардо. По само две недели во оваа институција, тој повеќе не можел да чита, да води подолги разговори и сè повеќе ги губел своите когнитивни способности.

Не е познато дали и колку често Алберт доаѓал да го посетува својот син, но по 1933 година повеќе не можел да го прави тоа. Хитлер дошол на власт во Германија, а Ајнштајн, кој бил гостин-професор на Универзитетот Принстон, не можел да се врати во својата татковина.

Според зборовите на неговата втора сопруга, Елза, здравствената состојба на синот многу го загрижувала Алберт. Наводно, тој планирал да го донесе синот во Америка, но неговата ментална состојба, а подоцна и војната, го спречиле.

„Мојот син е единствениот проблем што останува без решение“, напишал Ајнштајн.

Едвард никогаш повеќе не го видел својот татко. Милева морала да продаде две куќи поради долговите настанати за време на неговото лекување. Наводно, во подоцнежните спорови меѓу Милева и Алберт, Едвард служел како „долг за заработка“. Во една преписка, Алберт барал Милева да му врати пари и се заканил дека ќе го исклучи Едуардо од тестаментот ако не го стори тоа.

Милева починала на 4 август 1948 година, и после тоа практично никој не се грижел за Едуардо. Тој го завршил својот живот сам и напуштен, меѓу ѕидовите на психијатриската болница Бургелци во Цирих.

Работел како градинар во болница, кога починал во 1965 година на 55-годишна возраст.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни