Под влијание на атмосферски фронт со поладен воздух на висина и тоа од северозапад преку алпскиот регион, во земјава во текот на ноќта и денес ќе се формираат фронтални и големи влажни бранови и грмотевични конвективни облаци кои ќе донесат врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни и ќе наврнат над 20/25 литри дожд на метар квадрате,пренесуваат метеоролизите.
Атмосферските процеси на повеќе места ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
И во Скопје и околината времето ќе биде променливо и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 33 степени. Во Скопскиот регион максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.
На повеќе места нестабилно со врнежи од дожд, појава на грмежи, засилен ветер и со услови за локално невреме ќе биде и во вторник.