Силно невреме ја погоди Србија и се движи кон Македонија: Град, молњи и пороен дожд во овие градови – РХМЗ со итно предупредување!

Радарските слики покажуваат интензивно невреме во Србија: поројни дождови, молњи и град во Неготин, Алексинац, Тутин и други градови

Силно невреме го погоди југоистокот на Србија, при што во неколку градови се забележани обилни врнежи, молњи и појава на град. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) издаде итно предупредување за опасни временски услови, особено во Власинско Езеро, во близина на Сурдулица.

Според најновите информации, во наредниот еден час над крајниот југоисток на Србија ќе се движи силна конвективна облачност која носи интензивни поројни дождови, грмежи, град и силен ветер.

Град со дијаметар од 6 сантиметри

Првите фотографии и извештаи дојдоа од подрачјето на Власинско Езеро, во близина на Сурдулица. Таму биле забележани асиметрични зрна град со дијаметар од околу 6 сантиметри. Според метеоролошката страница Hailz Srbija, областа ја погодила „суперќелија“ – опасен вид олуен облак со силна вертикална структура.

Радарските снимки покажуваат дека невремето е најинтензивно во градовите Неготин, Зајечар, Алексинац, Тутин, како и во околината на Прокупље и Крушевац. Освен поројниот дожд и грмежите, на некои места е регистрирана и појава на град.

Според најновата прогноза на РХМЗ од 17:45 часот, до крајот на денот на северот и западот од Србија ќе биде претежно ведро, додека во останатиот дел – особено на југот и југоистокот – ќе биде облачно, со повремени врнежи и грмежи.

На повеќето места ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во источна Србија и планинските предели – повремено засилен. Температурите денес се движат од 23 до 28°C.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни