Силна експлозија во Букурешт: Се урнаа катови од зграда, има загинати

Силна експлозија се случила утрово во главниот град на Романија, Букурешт, поточно на Булеварот Рахова, во близина на гимназијата „Димитрие Болинтианеану“. Според првичните информации, тројца лица загинале, а 17 се повредени.

Очевидци изјавиле дека детонацијата била толку силна што ги затресла околните згради.

Меѓу тешко повредените има и еден тинејџер.

Министерот за здравство, Александру Рогобете, соопшти дека е формирана посебна работна група во рамките на Министерството за здравство за координација на медицинските интервенции по експлозијата.

Тој прецизираше дека сите дежурни болници во градот го активирале т.н. „Белиот план“, а медицинските тимови работат во режим на максимална готовност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни