Силен земјотрес во морето кај Чиле, издадено е и предупредување за цунами: „Оддалечете се од брегот“

Земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтеровата скала го погоди подрачјето на околу 200 километри од Ушуаја, најјужниот град во Аргентина, во петокот, објави Американскиот геолошки завод (USGS).

Епицентарот бил на 219 километри од брегот во превојот Дрејк на длабочина од десет километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Дрејковиот премин е морски пат помеѓу најјужната точка на Јужна Америка и Антарктикот.

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за цунами.

Агенцијата за управување со катастрофи во земјата издаде предупредување за дел од оддалечениот регион Магаљанес, на јужниот врв на Чиле.

„Тргнете се од брегот и одете на повисоки позиции. Следете ги упатствата на властите“, се вели во предупредувањето, пренесува Дневник.хр.

Предупредување за опасни бранови е исто така во пораката на американскиот Систем за предупредување од цунами и е во сила за крајбрежната област во радиус од 300 километри од епицентарот на земјотресот – вклучувајќи ги јужна Аргентина и Чиле.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни