Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди подрачјето во близина на источниот брег на Камчатка, соопшти Федералниот истражувачки центар на Обединетата геофизичка служба на Руската академија на науки.
Земјотресот бил регистриран во 00:07 часот по московско време, на околу 98 километри оддалеченост од градот Петропавловск Камчатски, со хипоцентр на длабочина од 48,1 километар.
Нема опасност од цунами
Според досегашните информации, не е издадено предупредување за цунами, иако потресот бил почувствуван во поширокото подрачје.
Камчатка и сеизмичката активност
Камчатка и околните региони се познати по својата висока сеизмичка активност, бидејќи се наоѓаат во т.н. „огнен прстен“ на Пацификот.
На 30 јули, регионот го доживеа најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени. Од тогаш, научниците секојдневно регистрираат последователни потреси, пренесуваат руските медиуми.
Нема информации за повредени или материјална штета во моментот. Сеизмичките служби ја следат состојбата, а локалните власти апелираат до жителите да останат смирени и внимателни.