Силен земјотрес во Перу: Едно лице загина, 36 повредени

Во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер што во неделата ја погоди Лима и околината, загина едно лице, а 36 се повредени — соопшти Центарот за вонредни состојби на Перу. Земјотресот предизвикал одрони и оштетувања на некои згради.

Потресот се случил во неделата во 11:30 часот по локално време, околу 30 километри југозападно од градот Каљао, крајбрежно место што се наоѓа на само десетина километри од главниот град Лима.

Според информациите од полицијата, загинал маж, а повредените лица се префрлени во блиските болници. Локалните медиуми јавуваат дека во неколку општини во регионот на Лима имало одрони.

Метрото во Лима е привремено запрено.

Перу се наоѓа во таканаречениот Пацифички огнен прстен — подрачје со висока сеизмичка активност кое се протега по должината на западниот брег на американскиот континент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни