Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтерова скала погодил еден дел од централниот Иран, во близина на градот Бадруд, околу 26 километри од нуклеарната фабрика Натанц, главното иранско постројување за обогатување ураниум.
Друг удар, со јачина од 4,5 степени, се случил неколку часа подоцна, во 13:03 часот по локално време, според податоците на Иранскиот сеизмолошки центар, пренесува “Iran International”.
Локалните власти не објавиле информации за можниот ефект на земјотресот врз нуклеарниот објект.
Извор: ТАЊУГ