Сибир во Македонија: Длабок минус, до -17°C и екстремен студ низ целата земја

Сибирски антициклон ја зафати Македонија – екстремно ниски температури до -17°C, силен мраз и голомразица. Прочитајте ја деталната временска прогноза

Македонија е под силно влијание на Сибирски антициклон, кој носи екстремно ладна воздушна маса директно од Сибир, создавајќи стабилно, суво и претежно ведро, но многу студено време низ целата земја.

Доцна вечера вечер времето беше претежно ведро, со силен мраз и појава на слана, а температурите насекаде се длабоко под нулата. До 22 часот, најстудено од градовите беше во Крива Паланка, каде се измерени -10 степени.

На планините студот е уште поизразен – Попова Шапка измери -15°C, додека на Титов Врв температурата се спушти до екстремни -17 степени. Температурите од час во час продолжуваат дополнително да опаѓаат.

Денес, повторно ќе биде екстремно ладно и претежно ведро. Минималните температури во Македонија ќе се движат од -15 до -4 степени, а во планинските предели се очекуваат вредности до или под -20 степени.

Во Скопје и околината, утринската температура ќе се спушти до околу -10 степени.

Ладен ден со температури под нулата

И покрај сончевото време, денот во вторник ќе остане студен. Во делови од земјата температурите и преку ден ќе бидат под нулата, додека максималните дневни вредности ќе се движат од -3 до 6 степени. Во Скопје се очекува максимална температура од околу 2 степени.

Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието, што дополнително ќе го засилува чувството на студ.

Предупредување до возачите

Поради екстремно ниските температури, се очекува појава на голомразица на патиштата и силни утрински мразеви. Се апелира до возачите да бидат крајно внимателни, особено при движење кон планинските превои и повисоките места.

Извор Метеоаларм.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни