Сибиха побара „нови разорни санкции“ против Русија по нападот врз патничкиот воз во Сумскиот регион

Сибиха побара „нови разорни санкции“ против Русија по нападот врз патничкиот воз во Сумскиот регион

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска изјави дека рускиот напад во кој беше погоден патнички воз во Сумскиот регион бара сериозен одговор и побара воведување „нови разорни санкции“ против Русија, објави украинската  агенција Укринформ.

Сибиха напиша на социјалната мрежа Х дека рускиот напад со дронови врз железничката станица во градот Шостка, во Сумскиот регион, бил намерен. 

„Ова е една од најварварските руски тактики“, наведе Сибиха, објаснувајќи дека во вториот напад, цел на нападот биле спасувачките екипи и луѓето што ги евакуирале повредените.

„Нови разорни санкции. Ново засилување на Украина. Ова може да се направи и мора да се направи за да се зголеми цената на оваа војна за Русија“, повика шефот на украинската дипломатија на Х. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни