Лидерот на демократското малцинство во американскиот Сенат, Чак Шумер, изрази уверување дека Демократската партија ќе обезбеди мнозинство на конгресните избори во 2026 година, истакнувајќи дека сè повеќе избирачи се откажуваат од републиканските кандидати поради политиките на претседателот Доналд Трамп.
-Избирачите ќе се дистанцираатт од републиканците кои безрезервно го поддржуваат Трамп. Тој станува одбивен за гласачите и од левицата и од десницата, изјави Шумер на економскиот самит Semafor World Economy што деновие се одржува во Вашингтон.

Сенаторот од Њујорк додаде дека потезите што актуелниот претседател ги прави се во полза на Демократската партија, како на пример новите трговски царини и скандалот во Пентагон со протекување информации од апликацијата Signal. Според него, во овие околности, демократите се „на првата линија на фронтот“.
Чак Шумер стана лидер на демократската група во Сенатот во 2017 година. На последните избори, демократите освоија 45 од вкупно 100 места во горниот дом на американскиот Конгрес.