Постојат некои природни феномени кои ги тераат луѓето да тргнат до другиот крај на светот како би имале можност да ги видат. Едно такво место е шумата со шарени еукалиптуси. Шарени стебла и гранки можат да се видат во тропските шуми на Индонезија, Нова Гвинеја и Филипините.

Еукалиптусите од „виножито“ можат да достигнат и до 75 метри, а освен по интензивната боја, карактеристични се и по освежувачкиот мирис кој потсетува на мешавина од бор, нане и мед.
Нивните лисја се отровни, а дрвјата лесно горат заради есенцијалните масла што ги ослободуваат. Една од интересните карактеристики на еукалиптусот е тоа што ги отфрла старите гранки и кората, па затоа е опасно да се остане под неговата крошна.

Поради бројната смртност на шумските работници во Австралија, постои изрека дека шумите од еукалиптус „создаваат вдовици“, пишува Пун Куфер.

Извор: velkaton.ba