Дали сте класичар кој не го менува својот еспресо, или пак трендсетер кој без matcha latte не го започнува денот? Вашиот избор на кафе може да открие повеќе отколку што мислите.
Еспресо
Се претставувате како познавач, но длабоко во себе не правите разлика помеѓу темно и светло печење. Со шолјата во рака секогаш одржувате имиџ на сериозност и стабилност. Иако понекогаш ве привлекува нешто ново, нарачката останува иста – поради баристата кој ве знае „во душа“. Имиџот мора да опстане.
Капучино
Сте ја пронашле вашата формула – пенливо, балансирано и утешно. Не експериментирате многу. Верувате дека ако нешто функционира, не треба да се менува. Кафето за вас е утеха, навика и ритуал кој никогаш не промашува.

Matcha latte
Тука сте заради естетиката. Зеленото изгледа убаво на Инстаграм, а чашата совршено се вклопува со вашиот feed. Нема врска што до пред неколку месеци не знаевте како се изговара matcha – важно е дека сега не можете без неа. Или барем така велите.
Moka
Вие сте домашен кафе-мајстор. Со moka апаратот ракувате со почит – речиси како со фамилијарно наследство. Вашиот ден не започнува без неговото свирење. Верувате дека ништо не го надминува чувството на „дома сварено“.
Frappuccino
Кафето не ви е приоритет – вие сте за шлаг, карамела, сладок сируп и пијалак што има повеќе слатки слоеви отколку содржина. Баристата мора да ги запише сите спецификации, а вие гордо ја држите чашата како моден додаток.

Macchiato
Веќе сте им кажале на сите: не сакате „малку кафе со млеко“ туку кафе со само допир на млеко. Љубовта кон макјато е единствена, стабилна и доследна. Секоја друга опција е изневерување на вкусот.
Cortado
Знаете сè за кафето, но не се фалите со тоа. Дискретен, креативен и секогаш со стил. Сакате да бидете на енергетско ниво, без вишок пена и непотребна возбуда. Вашиот вкус е префинет, но ненаметлив.
Spanish Latte
Сакате слатко – иако не признавате веднаш. Кафето ви е задоволство, а не потреба. Често велите „животот е краток“ и уживате во секоја шолја, без вина. Малку сте боем во душата, но и практичар во навика.
Piccolo
Страв ви е од премногу млеко во кафето. Не сакате ниту горчина, ниту млечна доминација. Затоа барате идеален баланс во една мала чаша. Piccolo е вашиот безбедносен избор – скромен, но прецизен.
Espresso Tonic
Авантурист по природа. Секогаш пробувате нешто ново и сакате изненадувања – во животот и во шолјата. Кога сте вие во друштво, сите нарачуваат нешто различно. Вашиот вкус диктира нови трендови.

Flat White
Сакате чисти линии, топлина и баланс. Нема пена, нема хаос. Сè мора да е совршено избалансирано. Се забележува дека сте прецизни и дека ги почитувате малите, но важни детали. Не барате внимание, но го добивате.
Dirty Chai
Хаос со вкус. Ви се допаѓаат комплексноста и необичноста. Ви треба пијалок со карактер – како вас. Имате енергија, динамика и желба за нешто повеќе од стандардното. Вашиот живот е мешавина на зачинети моменти и креативен неред.
Без разлика дали се препознавате во некој од овие описи, едно е сигурно – кафето е повеќе од пијалак. Тоа е став, ритуал и понекогаш – огледало на вашата душа. Ако не се пронајдовте? Можеби е време да нарачате нешто ново.