Иако картите покажуваат големи подрачја обележани со црвена боја, тоа не значи дека снег воопшто нема да има, туку дека се очекуваат помали количества од просекот.
Сезонска прогноза: помалку снег на поголем дел од континентот
Според моделите за периодот декември – февруари, Европа најверојатно ќе се соочи со подпросечни снежни врнежи, а областите со најмногу снег ќе бидат поместени повеќе кон северот. Сепак, во однос на претходниот месец, прогнозите бележат благо подобрување се очекуваат поголеми шанси за снег во централна Европа, како и делови од Велика Британија и Ирска.
Во декември, снежните аномалии претежно ќе бидат негативни, освен на крајниот север. Намалувањето на снежната покривка на планините укажува повеќе на недостиг од врнежи отколку на високи температури.
Во јануари, не се очекува значително подобрување: најголемиот дел од Европа повторно ќе има помалку снег од просекот, иако југоисточна Европа и далечниот север би можеле да забележат локални зголемувања.
Февруари носи нешто подобра слика, со помал недостиг на снег во споредба со јануари. И повторно црвената боја на картите означува помалку снег од очекуваното, а не негов целосен изостанок.
Што покажува британскиот модел UKMO?
За поцврста проценка, анализирани се и податоците од долгорочниот модел UKMO, кој често се користи заедно со ECMWF во сезонските прогнози. UKMO за Европа предвидува слаба снежна сезона, слично како и европскиот модел, со доминација на подпросечни количества снег речиси насекаде, освен во северните региони.
Во најновиот пресметан циклус сепак е забележано мало подобрување, веројатно поттикнато од ефектите на стратосферското затоплување.
- Декември: изразени негативни аномалии, потврда за бавен старт на снежната сезона.
- Јануари: делумно подобрување во централна Европа.
- Февруари: повторно намалување на веројатноста за обилен снег.
Извор: Index.hr
