Во 1957 година, Советскиот Сојуз во орбитата го лансираше Спутник 2 како дел од популарната вселенска трка. Во овој период се случува трката меѓу двете светски сили од тоа време, САД и СССР, поврзана со вселената и вонземските активности.
Советите први испратија сателит во вселената, како и астронаутот Јуриј Гагарин, додека Американците успеаја да стапнат на Месечината.
Како дел од вселенската трка, Лајка беше лансирана и со вселенско летало. Кучето кое беше женка од мешана раса, беше скитник пронајдена на улиците во Москва. Од тој момент нејзиниот живот целосно се променил. Таа беше првото куче испратено во орбитата.
По лансирањето, набрзо се случила системска грешка и ракетата не се одвоила од остатокот од вселенското летало, што предизвикало ненадеен пораст на температурата. Лајка претрпела големи болки и починала само неколку часа по полетувањето поради „прегревање на телото“.
Првичните информации беа дека таа починала од недостаток на кислород, но советската влада ги негираше овие теории, додавајќи дека таа примила фатална доза и дека била „успиена“ пред да истече кислородот. Сепак, дури во 2002 година се појавија вистинските информации за нејзината судбина.
За нејзината судбина проговори и Алилија Котовска, која беше тренер на Лајка.
Во текот на летото, знаевме дека ќе умре, но тогаш немаше начин да ја вратиме. Отидов да ја посетам, ја замолив да ни прости и плачев додека последен пат ја галев – вели Котовска. Еден ден подоцна, Лајка тргна на пат без враќање.