Што предвидува новиот закон за смртна казна во Израел?

Израел усвои контроверзен закон за смртна казна за терористички напади, со нови правила за воените судови и ограничени можности за жалба.

Парламентот на Израел, Кнесет, го усвои законот „Кривичен закон (Амандман – смртна казна за терористи)“, со кој се воведуваат построги казни за смртоносни напади, особено за Палестинците осудени во израелските судови.

Законот беше поддржан од владејачката коалиција, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, и доби 62 гласа „за“ во парламентот.

Што точно предвидува законот?

Новите одредби пропишуваат дека за смртоносни терористички напади може да се изрече смртна казна или доживотен затвор, во воените судови на Западниот Брег смртната казна станува практично задолжителна, доживотен затвор може да се изрече само ако постојат „посебни причини“, а одлуките може да се носат со обично мнозинство, без едногласност.

Законот воведува и различни процедури за граѓански судови во Израел и воени судови на окупираните територии.

Ограничени жалби и извршување на казната

Можностите за жалба се значително ограничени, а законот не предвидува јасна постапка за помилување.

Егзекуцијата треба да се изврши во рок од 90 дена, а може да се одложи до 180 дена по барање на премиерот и би се спроведувала со бесење

Историски контекст

Иако смртната казна формално постоеше за одредени злосторства, таа речиси не се применуваше. Од основањето на државата, само две лица биле егзекутирани Меир Тобијански (1948) – подоцна рехабилитиран и Адолф Ајхман (1962)

Кој стои зад законот?

Законот беше инициран од крајно десничарската партија „Еврејска моќ“, предводена од Итамар Бен-Гвир, кој беше еден од најгласните поддржувачи.

Поддршка доби и од партијата Ликуд, како и од други десничарски партии.

Критики и реакции

Законот предизвика силни реакции .Европска унија изрази „длабока загриженост“, Совет за човекови права на ОН предупреди на прекршување на правото на живот,а израелската организација Б’Тселем го оцени законот како чекор кон „дехуманизација“

Критичарите тврдат дека законот е дискриминаторски и дека во пракса ќе се применува главно врз Палестинците

Политичка и правна неизвесност

Иако законот е усвоен, постои можност да биде оспорен или изменет од Врховен суд на Израел.

Истовремено, се разгледува и дополнителен закон за специјален трибунал за нападите од 7 октомври 2023 година, што може дополнително да ја прошири примената на смртната казна

Овој закон отвора сериозна дебата, не само за безбедноста, туку и за правдата, човековите права и иднината на правниот систем во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни