Што пишува во „Студентскиот едикт“ кој беше претставен на протестот во Ниш?

„Студентскиот едикт“ ги содржи одредбите за слободата, државата, правдата, младоста, достоинството, знаењето, солидарноста и иднината.

Студентите во Ниш вечерва го прочитаа „Студентскиот едикт“ и одредбите за слободата, државата, правдата, младоста, достоинството, знаењето, солидарноста и иднината.

Текстот на Едиктот го преносиме во целост.

ЗА СЛОБОДАТА
Србија е земја на слободни луѓе. Слободата не е милост, туку основно право, неразделно од достоинството на секој граѓанин. Слободата е темел на нашето демократско општество, нашите закони, нашата реч и нашите мисли.

ЗА ДРЖАВАТА
Државата е заедничко добро на сите нејзини граѓани. Институциите на Србија мораат да служат на народот и да бидат темел на довербата, а не инструмент на моќта на поединци. Залагаме се за држава во која законите претставуваат врховен авторитет и каде што политичката функција значи служба на граѓаните, а не привилегија.

ЗА ПРАВДАТА
Правдата е основа на стабилно општество. Независното судство, слободните медиуми и институциите мораат да дејствуваат според законот, а не под политички притисоци. Равноправноста на правата мора да биде реалност за секој граѓанин на Србија.

ЗА МЛАДОСТА
Младите покажаа дека не се само наследници на Србија, туку и нејзини уставобранители. Студентите, како носители на оваа борба, ги чуваат вредностите на кои треба да се потпира нашето општество. Младоста на Србија бара систем заснован на труд и знаење.

ЗА ДОСТОИНСТВОТО
Се Залагаме за општество во кое се почитува достоинството на секој поединец. Достоиството подразбира дека ниту една личност не треба да биде доведена во позиција на понижување поради своите ставови и мислења. Србија во која експертите не се потценети и каде што знаењето се вреднува повеќе од покорноста, каде младите гледаат надеж во својата земја.

ЗА ЗНАЕЊЕТО
Знаењето е темел на напредокот на секое општество. Бараме Србија која инвестира во наука, истражување, образование и култура како приоритети на својот развој. Универзитетите мора да бидат независни центри на извонредност, а не полигони за купување дипломи и политички влијанија.

ЗА СОЛИДАРНОСТА
Патиштата на нашите градови, од Ниш до Нови Сад, од Белград до Крагуевац, сведочат за силата на народното единство. Оваа солидарност, досега непозната за системите засновани на раздор, станува наш завет и наша сила, која ќе ја браниме и негувааме. Претворајќи ги поединечните гласови во сила на промена, докажавме дека Србија не е збир на поделени интереси, туку заедница на граѓани кои ја делат визијата за иднината.

ЗА ИДНИНАТА
Нека овој едикт биде наша обврска, наше ветување едни на други – дека ќе изградиме држава која ќе припаѓа на сите, во која секое дете ќе може да сонува големи соништата. Држава во која правдата и слободата ќе бидат посилни од кој било поединец, во која властите нема да се служат со народот, туку ќе му служат на народот.

Да потсетиме, во Ниш денес се одржува голем студентски протест, на кој им се придружија бројни граѓани. Централниот дел на манифестацијата се одржува на Плоштадот на кралот Милан, каде што вечерва започна главниот дел од програмата, во рамките на којот слушнавме говори, но и претставување на „Студентскиот едикт“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни