Што не смеете да носите во патничкиот багаж ако патувате во Хрватска

Во пресрет на туристичката сезона, Царинската управа на Министерството за финансии на Република Хрватска ги повикува сите патници кои патуваат од трети земји, како што е Босна и Херцеговина, во Хрватска или Европската Унија, внимателно да ги прочитаат сите информации поврзани со царинските постапки и мерки на надзор.

Според европското царинско законодавство, секое лице кое влегува или излегува од царинското подрачје на ЕУ е должно да пријави сè што носи со себе — без разлика дали станува збор за лични предмети или за стока што се увезува или извезува. Непријавувањето или обидот за внесување на стока на скриен начин може да резултира со парична казна, а стоката може да биде одземена.

Што е најважно да знаете:

  • Обврска за пријавување има секој патник кој патува од трети земји кон Хрватска или ЕУ.
  • Стоката мора да се пријави, без оглед дали е лична или не.
  • Обидот за сокриен внес или непрijавување се казнува и води до одземање на стоката.
  • Вредносните и количинските ограничувања, како и ослободувањата од царина, ДДВ и акцизи (алкохол, тутунски производи), се јавно достапни.

Забрането е внесување во ЕУ/Хрватска на:

  • Сурово месо и месни производи (на пример, салама, паштета).
  • Млеко и млечни производи (на пример, павлака, сирење, путер).
  • Прехранбени производи од животинско потекло во рачен багаж.

Царинската служба функционира 24 часа на ден, 7 дена во неделата и 365 дена во годината. Во летниот период, кога се очекува зголемен сообраќај на граничните премини, се ангажира дополнителен кадар и се применуваат мерки со цел забрзување на протокот на патници и стока.

За целосни и ажурирани информации:
📌 carina.gov.hr – информации за патници (на хрватски и англиски)

📌 Ослободувања и ограничувања – што смее, а што не смее да се внесе во ЕУ

Патувајте подготвено – информирајте се пред патување и избегнете непријатности на граница.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни