Што добива победникот на Евровизија како награда?

Победата на Евровизија 2025 ја однесе претставникот на Австрија, Јоханес Пич – попознат како JJ – со песната „Wasted love“. По големото финале, многумина се запрашаа: дали победникот добива парична награда?

Одговорот е изненадувачки: не постои парична награда. Она што го добива победникот е трофеј во форма на стаклен микрофон, специјално дизајниран за ова натпреварување. Станува збор за рачно изработено дело од цврсто, прозрачно стакло со пескарени и обоени детали. Покрај главниот трофеј, авторите и композиторите на победничката песна добиваат помали верзии од истиот.

Иако нема директна финансиска добивка, успехот на Евровизија може да биде пресвртна точка во кариерата. Така, на пример, победниците од 2021 година – италијанската група Måneskin – по натпреварувањето постигнаа огромен комерцијален успех и настапија на големи светски фестивали, вклучително и Glastonbury во 2023 година.

Сепак, некои држави решаваат дополнително да ги наградат своите претставници. Така, по победата на Кончита Вурст во 2014 година, австриската влада ѝ додели 2,5 милиони евра.

Евровизија останува сцена која може да ја отвори вратата кон светската слава – но дали ќе се остане под светлината на рефлекторите или не, зависи од самиот изведувач.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни