Што да правите доколку ви се запали литиумската батерија на телефонот или електричниот автомобил?

Литиумските батерии се наоѓаат во телефоните, електричните тротинети, велосипеди, како и во електричните автомобили. Било какво оштетување, неисправност на батеријата или полначот може да предизвикаат пожар на овие батерии.
Фото: Misanthropic One/Flickr

„Мислам дека главниот проблем е во тоа што сега за релативно мали пари може да се купат превозни средства, кои доста често, не ги задоволуваат минимум условите за безбедност, поради што се случуваат пожари“ вели Крунослав Ормуж, судски вештак во Хрватска.

Дека квалитетот на изработка е голем проблем, откри и истрагата за пожарот во јужнокорејската фабрика за батерии во која починаа 23 работници.

„Aricell вработил голем број на неквалификувани работници за да ги исполни производните цели. Како последица на тоа, бројот на недостатоци во производите пораснал. Сепак, и покрај проблемите фирмата продолжија со производството на батерии без да преземе мерки за заштита, што доведе до несреќата“ изјави Ким Џонг-Мин, истражител од Јужна Кореја.

Проблемот со пожарите на литиумските батерии е што тие не може да се изгасат, поради што експертите предупредуваат уредите да не се оставаат да се полнат без надзор.

„Доколку дојде до самозапалување, односно ако се чуе звук или почне да чади, треба да се исклучи батеријата од струја и да се тргне некаде каде што нема да може да предизвика штета“ додава Ормуж.

Но, тоа сепак не е можно во јавните гаражи и со возилата на јавен транспорт. Поради тоа, во Грција на траектите е забранет влез на електрични возила со полни батерии, а слични ограничувања планира да спроведе и Јужна Кореја за нивните подземни гаражи.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни