Шпанија и Франција сеуште борат со последиците од претходната бура „Нилс“, а сега нова бура „Ориана“ носи опасни временски услови низ Иберискиот полуостров
Силните ветрови и поројниот дожд предизвикуваат црвени и портокалови аларми, особено во источната провинција Кастељон, каде се предвидуваат „урагански“ ветрови кои можат да искорнат дрвја, да поплават патишта и да остават илјадници домаќинства без струја.
Претходната бура „Нилс“ однесе три човечки животи во Шпанија и Франција, предизвика повреди и делумно урна вијадукт на автопатот А1 помеѓу Лисабон и Порто во Португалија. Во југозападна Франција, реките низ неколку општини се излеале поради обилните врнежи, а предупредување за поплави останува на сила покрај реката Гарон за викендов.
Властите апелираат до граѓаните да ги следат временските известувања, да избегнуваат ризични области и да бидат подготвени за евентуални прекини на снабдувањето со струја и инфраструктурни проблеми.