Според Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, бројките се поразителни:
„Нашето истражување покажа дека помалку од една третина од жртвите ги користат услугите на центрите. Останатите комплетно го прескокнуваат овој сервис како да не постои.“
Иако во државата постојат три центри за помош на жртви на сексуално насилство – во Скопје, Куманово и Тетово – нивното постоење е слабо познато не само кај жртвите, туку и кај институциите.

„Во разговорите со полицијата и Јавното обвинителство дознавме дека дел од нивните службеници воопшто не знаат дека овие центри постојат!“ – додава Димушевска.
Жртвите принудени на тежок избор: пријава или загубени докази
Голем проблем е и начинот на кој функционираат центрите. Жртвите во моментот мора да пријават во полиција за да можат да добијат помош.
„Тоа значи дека девојката која штотуку поминала низ траума мора да избере: или ќе пријави и ќе ѝ бидат земени докази, или доказите ќе бидат изгубени и понатаму нема да може да поднесе пријава. Тоа мора да се промени!“ – вели Димушевска.
Во Македонија, сексуалното насилство сè уште е табу тема, а жртвите често не добиваат поддршка ниту од општеството, ниту од институциите.
Малолетнички се најчести жртви,а силувањето во брак не се признава како злосторство.
Истражувањата покажуваат дека најголем дел од жртвите кои добиле помош во центрите се малолетни лица, додека полнолетните жртви речиси воопшто не ги користат овие услуги.
„Иако пред две години со измените во Кривичниот законик успеавме да го воведеме силувањето во брак како кривично дело, тоа сè уште не се признава и не се пријавува како форма на насилство.“
Годишно, според официјалните податоци, во Македонија се пријавуваат 50 до 60 случаи на силување или обид за силување, но реалните бројки се далеку поголеми.
„Ова е само врвот на ледениот брег. Вистинскиот број на жртви е многу, многу поголем!“ – предупредува Димушевска.
Неда Чаловска, незавсина експертка, предупредува дека довербата во институциите е на критично ниско ниво, а жртвите често стравуваат да пријават насилство.

„Жените не веруваат дека ќе добијат соодветна заштита ако пријават сексуално насилство. Наместо да им се помогне, честопати се изложени на секундарна виктимизација – ги испрашуваат, ги сомничат, им наметнуваат чувство на вина,“ истакнува Чаловска.
Таа додава дека е неопходно институциите да покажат сериозен пристап кон заштитата на жртвите и да не ги сведуваат центрите за помош на формалност без вистинска функционалност. „Ако немаме систем кој активно ги штити жртвите, тогаш всушност го штитиме насилникот,“ предупредува Чаловска.

Заклучокот е јасен: без поголема промоција на центрите, без промена на законите и без подигнување на јавната свест, жртвите на сексуално насилство ќе продолжат да остануваат без поддршка и правда. Сексуалното насилство е табу тема: Жртвите не знаат каде да бараат помош, институциите не ги препознаваат центрите
Неда Чаловска: „Жртвите стравуваат од системот наместо да добијат заштита“
Еден од најголемите проблеми во функционирањето на центрите е што жртвата мора веднаш да го пријави случајот во полиција за да може да добие било каква помош. „Тоа мора да се промени. Не смееме да ја ставаме жртвата во позиција да избира – или ќе пријавиш веднаш или ќе ги загубиме доказите,“се потенцираше на работната група.
„Оваа тема останува во сенка. Како општество имаме огромен отпор да зборуваме за сексуалното насилство, а тоа само ја влошува состојбата,“ заклучува Димушевска.
Што треба да се направи?
За да се подобри пристапот до помош, неопходно е да се направат измени во стандардната оперативна процедура на центрите, да се зголеми информираноста и да се олесни процесот на пријавување.
„Жртвите треба да знаат дека не се сами и дека некој ќе застане зад нив. Нашето општество мора да престане да ги замолчува,“ порачува Чаловска.