Шок во Германија: Горивото над 3 евра за литар – цените дивеат без контрола

Цените на горивото во Германија надминаа 3 евра за литар, и покрај новите правила. Енергетската криза и глобалните тензии продолжуваат да го притискаат пазарот.

Цените на горивото во Германија продолжуваат нагло да растат, при што на одредени бензински пумпи литар дизел веќе ја надмина границата од 3 евра.

На бензинска станица AVIA во Ешборн, во близина на Франкфурт, дизелот достигнал цена од 3,16 евра по литар, додека бензинот Super (E5) се продавал за 3,03 евра. Иако цените подоцна се намалиле, тие и понатаму остануваат на историски високо ниво.

Рекордни цени за време на Велигден

За време на Велигден, просечната цена на премиум бензинот низ земјата достигнала околу 2,30 евра по литар, додека дизелот се движел околу 2,49 евра – највисоки вредности досега.

Во споредба со претходната недела, цените значително пораснале и тоа бензинот поскапел за околу 18 центи, E10 за 23 центи и дизелот за 22 центи

И покрај новата регулатива која стапи на сила на 1 април и дозволува покачување на цените само еднаш дневно (во 12 часот), граѓаните не почувствувале олеснување. Напротив, цените станале уште понестабилни, со нагли скокови во краток временски период.

Што следува?

Експертите предупредуваат дека цените може дополнително да растат во наредните денови, особено поради глобалната енергетска криза и нарушените нафтени рути, поврзани со ситуацијата околу Ормушкиот теснец.

Ова значи дека притисокот врз европските пазари ќе продолжи, а возачите ќе мора да се подготват за уште поскапо гориво.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни