Шок на пазарот на нафта: бензинот поскапе 30%, дизелот 70% во Обединети Арапски Емирати

Драстичен раст на цените на горивата во Обединетите Арапски Емирати поради глобалните потреси на пазарот на нафта и кризата поврзана со Ормускиот теснец.

МеОбединети Арапски Емирати нагло ги зголемија цените на горивата за следниот месец, при што бензинот поскапе за повеќе од 30%, а дизелот за над 70%.

Владата на Емиратите месечно ги одредува цените на горивата во согласност со глобалните движења на пазарот, кои значително се зголемија поради воениот конфликт со Иран и ограничувањата поврзани со контролата на Ормуски теснец.

Остри поскапувања на горивата

Според новите цени дизелот ќе чини околу 4,69 дирхами по литар (пораст од 2,72),а премиум бензинот ќе чини околу 3,39 дирхами по литар.

Ова значи значително зголемување на трошоците за транспорт и логистика, што веќе предизвикува реакции на глобалните пазари.

И покрај поскапувањето, цената на дизелот во Емиратите останува пониска од просекот во Соединети Американски Држави, каде што горивата и натаму се меѓу најскапите во споредба со повеќе земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни