„Руските сили ги нападнаа регионите Дњепропетровск и Одеса. Шест лица загинаа, меѓу нив и две деца,“ се наведува во објавата на Телеграм.
Украинските власти информираа и дека во јужната Запорошка област околу 58.000 домаќинства останале без електрична енергија поради нападот.
Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Москва редовно ја таргетира украинската инфраструктура, оставајќи делови од земјата без струја и приморувајќи ја Украина да го ограничи снабдувањето со електрична енергија.
Извор: N1info.rs