Шестмина загинати во пожар во магацин за парфеми во Турција

Турските власти најавуваат брза и ефикасна истрага околу причините за пожарот во кој настрадаа шест лица а две се повредени

Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што избувна утрово во магацин за парфеми во Диловаси, во северозападна Турција.

Според снимките емитувани од турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата каде што имало магацин и работилница за производство на парфеми.

Нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

Турските власти најавуваат брза и ефикасна истрага околу причините за пожарот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни