Блокадите низ Србија влегуваат во шестиот ден, а протестите не покажуваат знаци на стивнување. Според најавите, денеска ќе се одржат нови протестни активности. Студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) повикаа на протестна прошетка во 17 часот, додека студентите од Сообраќајниот факултет најавија нова блокада кај Автокоманда во 13 часот.
Граѓански иницијативи и студентски групи вчера организираа блокади во повеќе градови: Паковраќе, Бајина Башта, Врање, Смедерево, Крагуевац, Шабац, Зајечар, Крушевац, Панчево, Валево и други.
Хронологија на настаните:
13:20 чaсот.
Студентите од ФДУ порачаа: „Се гледаме пред Факултетот за драмски уметности денес“.
13:17 чaсот.
Студентите од Сообраќајниот факултет на социјалните мрежи објавија:
„Синоќа не’ спречивте, но денес нема. Сите заедно. АВТОКОМАНДА 13 ч.“
13:01 чaсот.
Правниците предупредуваат на злоупотреба на надзорни снимки, додека новинарот на Н1, Петар Гајиќ, вели дека присуството на камери е клучно за заштита на граѓанските права и за спречување на евентуална полициска бруталност.
12:24 чaсот.
Хирургот Владимир Дугалиќ од Медицинскиот факултет ја нарече синоќешната интервенција против анестезиологот Владимир Стефановиќ „невидена полициска репресија“. Тој бил уапсен додека им помагал на повредени граѓани.
12:00 чaсот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на отворањето на автопатот до Пожега изјави: „Оние што блокираат не ја сакаат својата земја“.
11:47 чaсот.
Адвокатката Сара Ел Сараг ги советува граѓаните кои добиле прекршочни налози да бараат судска одлука во рок од осум дена.
11:18 чaсот.
Лидерот на Еколошкиот устанок, Александар Јовановиќ – Ќута, остро ја критикуваше полициската интервенција, нарекувајќи ја „последен чин на диктатор кој се претвора во кловн“.
11:13 чaсот.
Претседателот Вучиќ за медиумите изјави дека блокадата на градилиштето на EXPO комплексот во Белград траела само четири минути, но била искористена за „слика за социјалните мрежи“.
11:10 чaсот.
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека ноќта биле легитимирани 1.130 лица, а 107 биле приведени.