Шефот на кабинетот на американскиот министер за одбрана си заминува од функцијата

Министерот за одбрана Пит Хегсет, поранешен водител на Fox News, е под критики откако во март споделил доверливи информации преку групен чет на апликацијата Signal, во кој по грешка бил вклучен и новинар.

Шефот на кабинетот на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет (Pete Hegseth) си заминува од функцијата, изјави синоќа висок функционер, додека потресите во министерството продолжуваат поради случаи на протекување информации и серија оставки.

Ова е најново заминување на вработен од Пентагон, кој се соочува со турбуленции од крајот на март кога беше откриено дека министерот учествувал во безбедносен пропуст користејќи ја апликацијата Signal.

Џо Каспер (Joe), кој ќе престане да работи покрај Пит Хегсет, сепак ќе продолжи да го советува Пентагонот по друга основа, што ќе му овозможи да работи за министерството до 130 дена годишно.

Минатата недела, уште тројца високи функционери беа отпуштени по отворањето на интерна истрага.

Хаос поради безбедносни пропусти

Тројцата функционери — Дарин Селник (Darin Selnick), Ден Колдвел (Dan Caldwell) и Колин Керол (Colin Carroll) — изјавија дека сѐ уште не се информирани за точната причина зошто се отпуштени, ниту дали навистина постои официјална истрага за „протекување“ информации.

Министерот за одбрана Пит Хегсет, поранешен водител на Fox News, е под критики откако во март споделил доверливи информации преку групен чет на апликацијата Signal, во кој по грешка бил вклучен и новинар.

Според медиумите, Хегсет ги споделувал истите информации и со членови на своето семејство.

Џон Улијот (John Ullyot), кој кратко време бил портпарол на Пентагонот на почетокот од мандатот на Хегсет, го опиша периодот како „месец на целосен хаос“ во Министерството за одбрана на САД.

Порталот Politico известува за месец на комплетен хаос во Пентагонот — од протекување на чувствителни оперативни планови до масовни отпуштања — и посочува дека дисфункцијата во министерството почнува да го оптоварува и претседателот на САД, Доналд Трамп, за кого порталот наведува дека „заслужува подобро од своето високо раководство“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни