Шакира се враќа по 7 години пауза – го најави својот нов албум ,,Las Mujeres Ya No Lloran“

Колумбиската суперѕвезда Шакира неодамна го најави својот претстоен албум „Las Mujeres ya no Lloran“. Албумот, кој треба да излезе на 22 март е првото целосно студиско издание на Шакира во последните седум години, и се вели дека ги одразува значајните промени што таа ги доживеала изминатите години.

Во изјавата, Шакира напиша: „Изработката на овој албум беше алхемиски процес. Додека ја пишував секоја песна се обновував себеси. Додека ги пеев, моите солзи се претворија во дијаманти, а мојата ранливост во сила“. Ова ни дава увид во емотивното патување кое го обликувало создавањето на албумот.

„Las Mujeres ya no Lloran“ ќе содржи 16 песни, од кои некои се веќе објавени како синглови.
Меѓу нив се „BZRP Music Sessions Vol. 53“ со Бизарап, „TQG“ со Карол Џи, „Те Фелисито“ со Раув Алехандро и „Copa Vacía“ со Мануел Туризо. Со разновидниот опсег на соработки, албумот ветува дека ќе ја покаже разновидноста на Шакира како уметник.

Очигледно е дека Шакира е во својата победничка ера, со различни признанија и достигнувања во последно време. Нејзиниот сингл „BZRP Music Sessions Vol. 53“ не само што ја освои наградата за песна на годината и најдобрата поп песна на Латинските Греми награди во 2023 година, туку и урна бројни светски рекорди.

Песната, која навлегува во лични теми поврзани со нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике, собра неверојатни 80,6 милиони стримови на Spotify во првата недела од објавувањето и оттогаш има акумулирано преку 885 милиони стрими.

Извор: https://www.marca.com/en/lifestyle/music/2024/02/15/65ce638ce2704ef08f8b45b7.html

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни