На 18 јули 2025 година, Советот усвои Одлука за спроведување (CFSP) 2025/14611 за рестриктивни мерки поради ситуацијата во Белорусија и учеството на Белорусија во руската агресија врз Украина.
Советот одлучи осум субјекти да бидат вклучени во списокот на природни и правни лица, субјекти и тела кои се под рестриктивни мерки, наведени во Прилог I на Одлуката 2012/642/CFSP.
Дополнително, Советот одлучи да додаде нов субјект во списокот на природни и правни лица, субјекти и тела наведени во Прилог II на Одлуката 2012/642/CFSP, кој се однесува на ограничувања во врска со одобренија за продажба, испорака, трансфер или извоз на стоки и технологии со двојна намена, како и стоки и технологии кои можат да придонесат за военото и технолошко зајакнување на Белорусија или за развојот на нејзиниот одбранбен и безбедносен сектор.
Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Украина ја усогласуваат својата национална политика со оваа Одлука на Советот.
Европската Унија ја забележува оваа обврска и ја поздравува.
Извор: consilium.europa.eu