Северина во Сараево одржа концерт за дочек на Новата година, на кој се собраа 55.000 луѓе

Репертоарот вклучуваше околу тридесетина од најголемите хитови од нејзината кариера, но и неколку песни кои и се посебно драги. Една од нив беше „Сараево, љубави моја“ на Кемал Монтен, со која ја воведе публиката во Новата 2025 година


Повеќе од 55 илјади луѓе од сите делови на Босна и Херцеговина и регионот синоќа ја исполнија Титовата улица во Сараево за да го прослават доаѓањето на Новата Година со Северина.

Северина излезе на сцената половина час пред полноќ. За време на настапот ја исполни една од најпрометните сараевски улици. Според податоците на МУП на Кантонот Сараево, на концертот присуствувале повеќе од 55.000 луѓе.

Репертоарот вклучуваше околу тридесетина од најголемите хитови од нејзината кариера, но и неколку песни кои и се посебно драги. Една од нив беше „Сараево, љубави моја“ на Кемал Монтен, со која ја воведе публиката во Новата 2025 година. Пред полноќ, на сцената ѝ се придружи и градоначалникот на Сараево, Предраг Пухариќ.

Тековниот настап беше повод за порака дека сака оваа година да не страда ниту едно дете. Исто така, таа им даде поддршка на студентите од Белград, кои пристигнаа во Сараево.

Инаку, освен Северина, на дочекот на Новата година во Сараево настапи и Ади Шоше. Во првите денови на 2025 година, во Сараево настапуваат и Нина Бадриќ, Бајагa и Прљаво казалиште.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни