Нова серија земјотреси по синоќешниот силен потрес

По силниот земјотрес што имаше епицентар во Косово и беше почувствуван и во Македонија, во поширокиот регион се регистрирани повеќе послаби потреси

По земјотресот со магнитуда од 4.6 степени што синоќа имаше епицентар на територијата на Косово и беше почувствуван и во Македонија, регионот утрово е продолжил да „се тресе“ со серија послаби земјотреси, покажуваат податоците на меѓународните сеизмолошки служби.

Во текот на ноќта и рано изутринава се евидентирани повеќе земјотреси со ниска до умерена магнитуда во различни делови од регионот. Според податоците, во 06:37 часот бил регистриран земјотрес со магнитуда од 2.0 степени во западна Турција, неколку минути претходно биле евидентирани потреси со магнитуди 2.8 и 2.3 во Грција и источна Турција.

Во текот на ноќта, во 05:05 часот бил забележан земјотрес од 0.9 степени во централна Турција, а следеле уште епизоди со магнитуди од 2.0 и 1.2 степени во западниот дел на земјата. Податоците покажуваат дека на Крит (Грција) во 04:24 часот бил регистриран потрес со магнитуда од 2.8 степени, а во Егејското Море имало потреси од 1.6 и 1.4 степени.

Послабите земјотреси обично не предизвикуваат материјална штета, но укажуваат на продолжена сеизмичка активност и ослободување на тектонски напрегања во регионот. Меѓународните сеизмолошки служби и понатаму ќе ја следат областа за нови потреси, бидејќи сеизмичката активност може да продолжи во следните денови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни