Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за семејно насилство

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил својата сопруга за семејно насилство, по што ѝ било наредено таа да ја напушти Србија, јавуваат српските медиуми.

По пријава на Трифуновиќ, полицијата синоќа околу 22 часот дошла во нивниот стан. Тој пријавил дека трпи насилство од неговата сопруга Исидора, која се заканувала дека ќе искрши се во станот.

Полицијата ги викнала двајцата на разговор во полициска станица, а обвинител рекол дека нема елементи за кривично дело.

Меѓутоа, било утврдено дека Исидора во Србија престојува илегално, бидејќи е државјанка на Хрватска, па поради тоа против неа била поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци.

Според српските медиуми, Трифуновиќ и сопругата се скарале, а кога тој ѝ рекол дека ќе ја напушти, таа започнала да му се заканува.

Исидора сега мора да ја напушти Србија во рок од 24 часа, поради прекршување на Законот за странци, а таа ќе треба да плати и парична казна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни