Сенатот му забрани на Трамп да користи војска против Венецуела

За усвојување на резолуцијата гласаа 52 сенатори „за“ и 47 „против“. Се очекува дека целата мерка ќе биде усвоена следната недела, бидејќи е потребно најмалку 51 глас во Сенатот

Американскиот Сенат гласа и усвои резолуција со која се ограничува можноста на претседателот Доналд Трамп да распореди американски војски во Венецуела без одобрување од Конгресот.

За усвојување на резолуцијата гласаа 52 сенатори „за“ и 47 „против“. Се очекува дека целата мерка ќе биде усвоена следната недела, бидејќи е потребно најмалку 51 глас во Сенатот. Сепак, резолуцијата ќе мора да помине низ целосниот процес на амандмани, а конечната поддршка не е загарантирана, истакнува CNN.

На 3 јануари, САД започнаа масивна операција во Венецуела, при што беше уапсен претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, кои потоа беа пренесени во Њујорк.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека Мадуро и неговата жена ќе се соочат со судење за вмешаност во „наркотероризам“ и за закана по САД.

Русија, Кина и Северна Кореја остро ги осудија акциите на САД. Рускиот министер за надворешни работи изрази солидарност со народот на Венецуела и повика на ослободување на Мадуро и неговата сопруга, како и на спречување на понатамошна ескалација на ситуацијата.

Два претходни обиди за слични резолуции во Сенатот минатата година беа блокирани од колегите републиканци на Трамп, додека администрацијата продолжи со воени притисоци врз Венецуела, вклучувајќи напади врз бродови во јужниот дел на Карипското море од септември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни