Во четвртoк, на 9- ти мај во 15 часот во Музејот на Современа уметност ќе се одржи семинар на тема “Уметничките дела како стапица (помеѓу уметноста и антрологијата)“. Презентацијата ќе ја држи Софија Григориаду (д-р социјална антропологија, м-р визуелна уметност), кустос соработник за Дискурзивна програма на МСУ Скопје и коосновач на TWIXTlab, лабораторија за уметност, антропологија и секојдневие, базирана во Атина.
„Во последниве децении се забележува пролиферација на теориски и методолошки достигнувања и експериментирања што произлегуваат од пресекот на современата уметност и антропологијата. Овие случувања опфаќаат различни аспекти на истражување, производство и обопштување уметнички или антрополошки дела, но и форми што одбиваат да бидат класифицирани во едното или во другото поле. Како може антропологијата да придонесе за нашето разбирање и искусување на уметничките дела, на просторите поврзани со уметност и на уметничкиот свет? Во овој семинар ќе ги дискутираме процесите помеѓу овие две полиња. Концептите што ќе бидат презентирани вклучуваат: уметничките дела како т.н. „стапици“, стекнување знаење преку создавање, уметникот/цата како етнограф/ка, мултимодалност, и други“ , велат од МСУ.
Предавањето е отворено за сите оние што се заинтересирани за дијалогот помеѓу современата уметност и антропологијата. Ќе се одвива на англиски јазик во кино салата на музејот.