Пријавени 11 случаи на семејно насилство во државата – шест лица приведени

Полицијата интервенирала во Куманово, Охрид, Гостивар, Велес и Скопје, а во два случаи бил извршен службен разговор.

Во текот на изминатите денови полицијата евидентирала вкупно 11 пријави за семејно насилство во повеќе градови низ државата. Во шест случаи лицата се лишени од слобода, а со две лица е извршен службен разговор.

На 14 март 2026 година околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.И.(39) од Република Србија, со место на живеење во Куманово, затоа што физички ја нападнал својата 31-годишна сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во 01.05 часот истата ноќ, во СВР Охрид лишени од слобода биле Т.Ѓ.(51) и неговата невенчана сопруга М.Х.(47), двајцата од Охрид. Во нивниот семеен дом дошло до вербална расправија со меѓусебни физички напади, при што М.Х. физички ја нападнала Б.Ѓ.(73) од Охрид. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

Во СВР Охрид на 12 март во 20.00 часот било пријавено дека К.В.(38) од Охрид во семејниот дом бил агресивен кон членовите на семејството, расфрлал предмети и скршил стакло од врата, при што се здобил со повреди. По расчистување на случајот против него ќе биде поднесена пријава.

На 13 март во 14.10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(64) од Гостивар, по пријава од неговата 60-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани по животот. По документирање на случајот ќе следува пријава.

Во СВР Скопје, на 13 март во 21.37 часот, 32-годишна жена пријавила дека во дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14 март во 03.20 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.Н.(19) од Скопје, по пријава од неговата 44-годишна мајка дека претходниот ден во домот ѝ упатувал закани. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Скопје на 14 март во 02.30 часот, 49-годишна жена пријавила дека во автомеханичарски сервис во нејзиното возило бил пронајден уред за следење, за кој се сомнева дека го поставил нејзиниот сопруг А.С., со кого е во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13 март во 14.30 часот во Велес, полициски службеници лишиле од слобода 44-годишен велешанец по пријава дека во домот физички ја нападнал својата 45-годишна партнерка. При постапката кај него биле измерени 0,55 промили алкохол во крвта. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи, а по документирање ќе биде поднесена пријава.

Во СВР Скопје, на 13 март во 15.30 часот, 41-годишна жена пријавила дека во здравствена установа на подрачјето на Центар, нејзиниот поранешен сопруг И.П.(43) се обидел физички да ја нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Кисела Вода на 13 март во 23.00 часот бил извршен службен разговор со Д.Г.(67) од Скопје, по пријава од неговата 61-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, дека ја малтретирал и ѝ упатувал закани.

Истиот ден во 21.00 часот во истата полициска станица бил извршен службен разговор и со Д.Ј.(61) од скопско, по пријава од неговата 85-годишна мајка дека ја малтретирал и ѝ упатувал закани. По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни