Секој ден паѓаат сателити: Луѓето веќе страдаат од вселенскиот отпад на Илон Маск!

Вселенскиот отпад создден од сателитити секој ден паѓаат, со што го загрозуваат здравјето на луѓето

Луѓето веќе страдаат од вселенскиот отпад создаден од сателитите на Илон Маск

Сателитите на Маск паѓаат назад на Земјата со зголемена фреквенција, што предизвикува загриженост за загадувањето и вселенскиот отпад. Експертите предупредуваат дека преполната орбита може да стане опасна и за планетата и за луѓето.

Еден до два сателити на Starlink повторно влегуваат во атмосферата на Земјата секој ден, според астрофизичарот Џонатан Мекдауел од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан. Овие падови повеќе не се ретки, туку стануваат вообичаени, а бројот само ќе се зголемува како што повеќе сателити стареат и престануваат да функционираат.

Од 2019 година, SpaceX на Илон Маск лансираше илјадници сателити во ниската орбита на Земјата како дел од амбициозниот план за глобален интернет. Повеќе од 2.000 сателити на Starlink беа лансирани само во 2025 година. Моментално има над 8.000 во орбитата, а како што се зголемува бројот, така се зголемува и бројот на оние што се враќаат.

Трката за доминација на небото излегува од контрола

SpaceX не е сам во овој космички маратон. Амазон го започна својот проект Кајпер, со кој планира да лансира повеќе од 3.200 сателити. А Кина брзо ги развива своите соѕвездија. Ако сите планови се остварат, ќе имаме десетици илјади сателити што орбитираат околу Земјата.

Мотивацијата е јасна, глобална интернет конекција. Но, во отсуство на меѓународни правила, орбитата станува сè повеќе како хаос. Без јасен договор за тоа кој може да лансира, кога и колку, просторот над нашите глави станува технолошки Див Запад.

Загадување на воздухот, тивката закана од вселената

Кога сателитот го завршува својот животен век, тој се упатува кон Земјата и гори во атмосферата. На прв поглед, се чини како чисто решение. Сепак, согорувањето ослободува метали и други супстанции во горната атмосфера, што предизвикува загриженост кај научниците.

Иако истражувањата сè уште се во тек, некои научници предупредуваат дека тоа би можело да го осиромаши озонскиот слој или да предизвика несакани хемиски промени во атмосферата. „Веќе постои можност дека правиме штета на горната атмосфера без целосно да ги разбереме последиците“, изјави Мекдауел за The Register.

Вселенскиот отпад станува опасност и за Земјата

Според извештајот на Федералната администрација за воздухопловство на САД, до 2035 година, се очекува околу 28.000 делови од сателити да преживеат повторно влегување во атмосферата годишно. Веќе не е прашање дали нешто ќе падне, туку прашањето е каде и кого може да удри. Огромен број од овие сателити доаѓаат од соѕвездието Старлинк, кое стои зад Илон Маск, чии планови за глобална интернет мрежа сега предизвикуваат зголемени безбедносни и еколошки проблеми.

Шансата некој на Земјата да биде погоден од овој отпад веќе не е занемарлива. Студијата предупредува дека ризикот од смрт од вселенски отпад може да се зголеми на неверојатни 61% годишно. Трката за небото почнува да има последици овде долу, и тоа многу конкретни.

Постои сценарио кое ги загрижува експертите со децении, Кеслеровиот синдром. Во тоа сценарио, судирот на два сателити предизвикува верижна реакција од понатамошни судири, создавајќи облаци од отпад што го оневозможуваат безбедното користење на орбитата, потенцијално со децении или векови.

Иако сателитите Starlink орбитираат доволно ниско за да не останат во вселената долго по дефектот, нивната доминација ги принудува конкурентите во повисоки орбити каде што остатоците се задржуваат многу подолго. И ако моќна сончева бура нè погоди и исфрли стотици сателити од системот одеднаш, би можеле да бидеме сведоци на хаос од незамисливи размери во вселената, но и на Земјата.

Забрането е преземање на дел или целиот текст и/или фотографија/видео, без наведување и поврзување на изворот и авторот, и во согласност со одредбите од условите за користење на WMG и Законот за јавно информирање и медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни