Се затвора Ал Џезира Балканс

Затворањето на „Ал Џезира Балканс“ претставува голема загуба за медиумскиот пејзаж на регионот, особено во контекст на квалитетното и професионално известување

По четиринаесет години работење, регионалната телевизиска станица Ал Џезира Балканс се гаси, потврди Klix.ba.

Станува збор за филијала на катарскиот медиумски концерн кој, со седиште во Сараево, го покрива регионалниот пазар од 2011 година, со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина. Беше препознатлив по своите документарни емисии, а емитуваше програма на јазик кој не беше ниту арапски ниту англиски – што беше исклучок во рамките на мрежата Ал Џезира.

Причината е непозната, но…

Ал Џезира Балканс влезе на пазарот кон средината на септември 2010 година со купување на локалната телевизиска станица НТВ Студио 99 во Сараево од ПЕП, во сопственост на Адил Куленовиќ. Трансакцијата вредеше 2,3 милиони конвертибилни марки, што беше износот на долговите на телевизијата кон државата во тоа време.

Во 2018 година, телевизијата го лансираше AJB DOC, фестивал на документарен филм што се одржува секоја година во Сараево. Причините за затворањето сè уште не се официјално објавени, но Кликс наведува дека се претпоставува дека станува збор за деловна одлука во Доха донесена од финансиски причини.

Затворањето на „Ал Џезира Балканс“ претставува голема загуба за медиумскиот пејзаж на регионот, особено во контекст на квалитетното и професионално известување кое телевизијата го градеше повеќе од една деценија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни