„Имавме неколку проби пред два месеца во Лондон, само за да свириме стари песни. И беше многу забавно, супер си поминавме“ изјави Гринвуд.
Последниот албум на бендот „A Moon Shaped Pool“ беше објавен во 2016 година, а Рејдиохед последните концерти ги одржаа во 2018 година.
Коментарот на басистот доаѓаат како добри вести за сите фанови на Рејдиохед, откако неговиот брат, гитаристот Џони Гринвуд во мај изјави дека сите членови од бендот се зафатени со посебни проекти.
„На сите ни треба време, но треба да направиме план однапред за да се собереме. Јас не сум добар за планирање“ рече тој во мај.
Уште во ноември, Филип Селвеј навести дека Рејдиохед би можел да „се врати до таа точка“ на враќање и повторно обединување. Тоа се случи откако тапанарот претходно вети дека Рејдиохед ќе се „соберат“ на почетокот на 2023 година.
На почетокот на оваа година, Ед О’Брајан од Рејдохед сподели дека е фокусиран на неговиот следен соло албум. Претходно во 2020 година, гитаристот и текстописец рече дека членовите на бендот се фокусирани на соло работата.
Запрашан дали групата разговарала за какви било идни планови, тој одговори: „Ние сме постојан бенд и имаме онлајн состаноци – неодамна имаше повик за Зум. Зборуваме за работи, но во догледна иднина секој си го прави своето. Кога е правилно да се приклучиме на Рејдиохед, тогаш ќе го направиме тоа“.