Сѐ уште се трага по 10 до 15 лица по поплавите во Босна и Херцеговина

Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во БиХ, а се уште се трага по меѓу 10 и 15 исчезнати лица.
Фото: X/@lepus2022

„Сѐ уште се трага по 10 до 15 лица“, потврдил за агенцијата Фена началникот на Секторот за односи со јавноста на хрватско-неретванската жупанија, Дарко Јука.

Посочи дека е воспоставена патна комуникација меѓу Мостар и Јабланица, но само за возила на службата за спасување и итни случаи.

„Сите служби се на терен, нон-стоп без прекин“, рече Јука, додавајќи дека заедно со нив на терен се и околу 300 волонтери, од кои повеќето во Јабланица.

Апелираше и да не се оди самоиницијативно во погодените подрачја.

„Секој што сака да помогне на каков било начин нека се обрати до оперативните центри за цивилна заштита“, додаде Јука.

Луѓето кои останаа без покрив над главата беа сместени во локалните хотели и во Домот за стари лица во Јабланица, додека мнозинството најде сместување кај пријатели и роднини во станови и куќи во Јабланица и Коњиќ.

Во координација со Црвениот крст на Босна и Херцеговина, Црвениот крст на Северна Македонија понуди помош во материјални, технички и човечки ресурси, доделувајќи првична донација од 10.000 евра од своите резерви. Организацијата ги повикува сите правни субјекти и граѓани да ја покажат својата солидарност преку парични донации на специјалната сметка на Фондот за солидарност или преку донации со телефонски повици.

Донации може да се уплатат и во странска валута, при што се наведени сите потребни податоци за меѓународни трансфери.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХкако и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
  • За донации на средства во странска валута:
    NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
    BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
    BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
    BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
    SWIFT CODE: KOBSMK2X
    IBAN CODE: MK07300701000001228

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни