Се уште постои опасност од свлечиштето на Водно, се бараат итни реакции

Токму на делот кај Белградска и Партеније Зоорграфски во јуни се урна потпрониот ѕид кој до денес се уште не е направен

Советничката група на Левица во Советот на Општина Центар денеска побара одржување на вонредна седница поради како што велат, сериозните информации за активирано лизгање на земјиштето на падините на Водно, непосредно над населените делови на општината.

„Сметаме дека јавноста има право да знае што точно се случува, кои мерки се преземаат и дали причините за оваа појава се поврзани со долгогодишното и неконтролирано градење на ридот.Потребно е да се утврди не само моменталната состојба на теренот, туку и пошироката слика – дали постојните градежни активности, прекумерната сеча, недоволната дренажа и преоптоварувањето на падините придонеле за појавата на свлечиштето. Од особено значење е да се добие прецизна информација колку активни градежни маркици сѐ уште постојат на овој потег, кои инвеститори стојат зад нив и дали воопшто е дозволиво продолжување на какви било активности без претходна ревизија“ велат од Левица.

Инаку вчера, веше одржан координативрен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.

Состанокот, информираат од ЦУК, бил свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.

-Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето, истакнуваат од ЦУК.

Токму на делот кај Белградска и Партеније Зоорграфски во јуни се урна потпрониот ѕид кој до денес се уште не е направен иако неколку пати имаше уверување од Министерството за здравство дека истиот ќе биде саниран.

И додека се одржуваат состаноци граѓани кои живеат во тој дел на градот, но и вработени во Клиничкиот центар стравуваат за својата безбедност и бараат итни рекации од надлежните пробелмот да се реши што побрзо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни