Се урна американски борбен авион F-16, пилотот преживеа со полесни повреди

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon од акробатската ескадрила U.S. Air Force Thunderbirds се урнал во оддалечено пустинско подрачје јужно од аеродромот Трона, на работ од Националниот парк Долина на смртта (Death Valley).

Според првичните информации, пилотот се здобил со полесни повреди и успеал навремено да се катапултира. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки кои го прикажуваат моментот на падот и исфрлањето на пилотот од кабината.

Американската воздухопловна команда засега не објави дополнителни детали за причините на несреќата, а истрагата е во тек.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни