Се трага по лицето кое уринраше врз свеќи и цвеќе во Нови Сад

По објавената снимка на маж кој уринра врз место каде граѓани веќе со месеци палат свеќи и полагаат цвеќе за жртвите од паднатата надстрешница во Нови Сад, Министерството за внатрешни работи во Србија извести дека работи на идентификација на лицето.

„Полицијата во Нови Сад интензивно работи на пронаоѓање на лицето што денес, на аголот на Булеварот Ослободување и Јаша Томиќ, го осквернави местото на спомен-комплексот за настраданите во трагедијата на Железничката станица“, се наведува во соопштението.

МВР ги повикува граѓаните кои го препознаваат мажот од снимките или располагаат со информации за неговото движење, веднаш да пријават на телефонскиот број 192 или да се обратат во најблиската полиција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни