Се сруши пирамида во Мексико, локалните жители сметаат дека тоа е лош знак

Фото: Ramiro Aguayo/ INAH

Античка пирамида во Мексико се срушила поради силен дожд, а локалните жители сметаат дека ова може да биде лош знак за некој настан кој доаѓа.

Пирамидата која се сруши се наоѓа во археолошката зона Ихуацио покрај езерото Пацкуаро. Таа се срушила поради притисокот од водата која се собрала како последица на силните дождови кои паѓале во овој регион. Камењата од јужниот ѕид на пирамидата се распаднале.

За рушењето на споменикот придонесува и постојаното печење на високите температури кои предизвикале пукнатини во внатрешноста. Потоа, велат истражувачите, дождот навлегол во пукнатините и меѓу камењата и предизвикал ѕидот да се распадне.

Фото: Ramiro Aguayo/ INAH

Според истражувачите од Националниот институт за антропологија и историја во Мексико, ова рушење на пирамидата е пример за тоа како климатските промени ќе влијаат врз археолошките наоѓалишта и старите градби.

Тие сега испитуваат колкави се вистинските оштетувања и дали и колкав дел од пирамидата ќе може да биде реставриран. Институтот исто така ќе разгледува и нови начини за реставрација и зачувување на старите градби, со цел ваквите инциденти да се избегнат во иднина.

Оваа пирамида се верува дека била изградена пред околу 1100 години од претците на модерните Пурепеча луѓе. Пирамидите биле свети места каде што се изведувавле духовни обреди и церемонии, а некои експерти сметаат дека структурите имале и некаква политичка улога и дека биле симбол на моќ и власт.

Наследниците на Пурепеча луѓето сега велат дека рушењето на пирамидата е лош знак дека некој настан ќе се случи во иднина. Во објава на социјалните мрежи тие пишуваат дека сличен знак имало и пред доаѓањето на освојувачите од Европа и дека тоа е начин на кој боговите покажуваат незадоволство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни