Се снимаат четири филмови за Битлси, познати се и актерите кои ќе ги глумат членовите на бендот

Потврдено е дека Пол Мескал и Бери Кеоган ќе бидат дел од актерската екипа за да ги портретираат членовите на Битлси во четири нови филмови за британскиот бенд, објави во вторникот Би-Би-Си. Мескал, познат по улогите во Normal People и Gladiator II, ќе го глуми Пол Макартни, а ѕвездата на Saltburn, Кеоган ќе го игра Ринго Стар.

На нив како Џон Ленон ќе им се придружи и Харис Дикинсон, кој неодамна глумеше со Никол Кидман во Babygirl. Џозеф Квин од Marvel’s Fantastic Four ќе го игра Џорџ Харисон во филмската тетралогија во режија на Сем Мендес.

На режисерот, повеќекратен добитник на Оскар, му се придружија четворица актери на конвенцијата CinemaCon во Лас Вегас во понеделникот. Секој од филмовите ќе се фокусира на различен член на легендарната група.

Филмовите ќе бидат објавени во 2028 година. „Секој е раскажан од индивидуалната перспектива на само еден од момците. Тие се среќаваат на различни начини, кои понекогаш се преклопуваат, а понекогаш не. Тие се четири многу различни човечки суштества. Можеби ова е можност да ги разбереме малку подлабоко. Но, сите четири филма заедно ќе ја раскажат приказната за најголемиот бенд во историјата“, рече Мендес на настанот.

https://twitter.com/SonyPictures/status/1906909338201202754

„Само почувствував дека приказната е преголема за да се вклопи во еден филм, а да се претвори во телевизиска минисерија беше некако чудно“, објасни режисерот.

Иако веќе се снимени неколку филмови за Битлси, ова е првпат сите четворица или нивните наследници да дадат дозвола да се направи филм за нивната животна приказна и правата за користење на нивната музика.

Мендес ги нарече филмовите „прво маратонско кинематско искуство“, додавајќи: „Искрено, ни требаат големи филмски настани за да ги извлечеме луѓето од нивните домови“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни