Се шират морбидни лажни вести дека починала Калиопи, пејачката бара помош од МВР

На социјалните мрежи се шири морничава лажна вест дека популарната пејачка Калиопи умрела. Пејачката згрозена реагираше на социјалните мрежи, но пријавила и во полиција.
Фото: Albin Olsson, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

На фотографиите кои преку спонзорирани објави се шират на социјалните мрежи се гледа фотошопирана пејачката како лежи во болнички кревет и пишува дека таа починала од циста на мозокот и срцев удар.

„Секогаш тврдев дека не постојат добри и лоши луѓе, туку дека постојат луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечен чин, поведена е пријава и постапка до надлежните органи“ напиша Калиопи на социјалните мрежи.

Таа додава дека и во минатото нејзиното име било злоупотребувано, но дека оваа морбидносот ги надминува сите граници.

„Дали вие нелуѓе, креатори на овие лажни вести, сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат, можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот?“ пишува Калиопи.

Таа побара од Одделот за компјутерски криминал при МВР да се преземат итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби.

Најново

Последни колумни