Се сеќавате на познатата „Фарма“ на Фејсбук: Цукерберг откри зошто не успеа

Епл му забрани на Фејсбук да функционира како „платформа во платформа“ на iOS уредите, што доведе до крајот на ерата на ФармВил

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, во едно интервју ги објасни причините за неговото долгогодишно незадоволство од политиката на Епл, посочувајќи дека конфликтот траел од крајот на 2000-тите.

Цукерберг, го спомена времето кога софтверските компании масовно развиваа апликации и игри за Фејсбук, и кога меѓу нив се издвои ФармВил, кој стана голем хит и значаен извор на приход за компанијата. Според него, растечкото влијание на мобилните уреди и строгите правила на продавницата за апликации на Епл (App Store) значително ги поткопале амбициите на Фејсбук.

„Потоа Епл му забрани на Фејсбук да функционира како „платформа во платформа“ на iOS уредите, што доведе до крајот на ерата на ФармВил. Тоа беше сериозен удар за нас, бидејќи игрите тогаш сочинуваа дури 20% од нашиот бизнис и претставуваа огромен потенцијал за развој“, рече Цукерберг.

Тој исто така рече дека самата Мета (порано Фејсбук), со своите одлуки од почетокот на 2010-тите, како што се отстранување на одредени API функции и затворање на системот за подобра заштита на приватноста на корисниците, исто така делумно придонела за колапсот на тој екосистем.

Сепак, Цукерберг јасно стави до знаење дека фрустрациите со Apple траат со години и се влошени од новите правила за приватност и транспарентност на следењето на апликациите, кои директно ги загрозија приходите од рекламирање на Мета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни