Многу луѓе не сфаќаат дека имаат проблем со црниот дроб бидејќи овој орган нема рецептори за болка. Затоа, состојби како што се хроничен хепатитис или неоплазми често се откриваат случајно при рутински медицински прегледи.
Исто така и ракот може да се појави во телото без очигледни знаци или некои силни симптоми додека не е веќе предоцна.
Ракот на панкреасот и дебелото црево често не се видливи додека не стигнат до подоцнежна фаза, предупредуваат лекарите.
Атеросклерозата може да се развие и без видливи знаци бидејќи покаченото ниво на холестерол не е секогаш придружено со симптоми.
Хипертензијата е уште една подмолна болест бидејќи некои луѓе не чувствуваат непријатност со значително зголемување на крвниот притисок, додека за други дури и мали отстапувања можат да предизвикаат тешки симптоми.
За рано откривање на ваквите проблеми, лекарите препорачуваат луѓето да проват детални систематски прегледи најмалку еднаш годишно. Исто така, важно е да се следат здрави навики.
Физичката активност игра важна улога во спречување на висок крвен притисок и одржување на нивото на холестерол во здрави граници, како и рак.
Според британскиот онколог Питер Харпер, најефикасните спортови за превенција од рак се пливање, трчање, пешачење, тенис и возење велосипед.
Извор: Б92