Се повлекува ли Израел? Нема прекин на огнот додека Хамас не прати список кого ќе ослободи

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави дека договорот за прекин на огнот во Газа нема да стапи на сила доколку Израел не добие список на 33 заложници кои Хамас ќе ги ослободи во првата фаза од договорот.
Фото: Kremlin.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Примирјето треба да започне утрово, за кога е планирана и првата од серијата размена на заложници кои Хамас ги држи, за палестински затвореници во израелските затвори.

„Нема да го спроведеме договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Единствена одговорност е на Хамас“, рече Нетанјаху во изјавата.

Вкупно 1.904 Палестинци треба да бидат ослободени од израелските затвори и логори за време на прекинот на огнот договорен меѓу Израел и Хамас, објави претходно денеска израелската влада. За возврат, Хамас треба да ослободи 33 од 98 израелски заложници за време на шестнеделната пауза во борбите.

Договорот може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во Појасот Газа. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни